Курти: Оптимист сум дека договорот со Белград ќе биде постигнат оваа година
Премиерот на Косово Албин Курти изјави дека е „голем оптимист оти конечниот договор со Србија ќе биде постигнат оваа година“.
„Мислам дека следната средба во Брисел ќе покаже на што можеме да се надеваме оваа година. Јас сум оптимист, многу сум оптимист дека ќе се постигне договор оваа година“, изјави Курти за Франс 24 за време на Минхенската безбедносна конференција.
Тој додаде дека за таков исход е потребно значително учество на меѓународната заедница.
Курти оцени и дека односите меѓу Белград и Приштина „не се нормални“.
„Сакаме целосна нормализација на односите, што подразбира взаемно признавање. Убеден сум дека шатл-дипломатијата и средбите на високо ниво што ќе се одржат оваа година ќе придонесат да бидеме поблиску до договор во согласност со европскиот предлог, што го иницираа Франција и Германија“.
На прашањето дали може да се постигне договор веќе на средбата на 27 февруари со претседателот на Србија Александар Вучиќ, тој рече дека засега не може да каже кога ќе следи договорот.
Во врска со Заедницата на српски општини, Курти вели дека тоа е само еден дел од договорот од Брисел пред 10 години, а ги имало вкупно 33.
„Сите тие договори ќе бидат тема на средбите. Еден од нив секако е договорот што го содржи ЗСО, кој не го положи тестот на нашиот Уставен суд. Француско-германската иницијатива не може да се претвори во шведска маса, од која секој може да избере што сака. Имаме и други договори што се од големо значење... Има многу што треба да се разговара, а ќе дојде време и за ЗСО“, изјави Курти за Франс 24.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во Аеродром: Избоден скопјанец, еден од сторителите во бегство
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната