Курти: Дијалогот со Белград не може да продолжи нормално по српската агресија врз Косово
Косовскиот премиер, Албин Курти по денешната средба со американските сенатори Џин Шахин и Питер Велч, кои престојуваат во официјална посета на Косово, изјави дека ги информирал гостите од САД со најновите податоци за нападот на 24 септември во Бањска и за вмешаноста на Србија во него, јави дописникот на МИА од Приштина.
На заедничката прес-конференција со Шахин, Курти рече дека од обезбедените докази е очигледно дека нападот во Бањска бил дел од поширок план на Белград за анексија на северот на Косово преку координирани напади на 37 локации.
Тој нагласи дека дијалогот меѓу двете држави, со посредство на Европската унија, со оглед на дестабилизирачките тенденции на Србија, не може да продолжи нормално.
-Разузнавачките институции забележуваат дека има зголемен ризик од напади од Србија… Сите овие обиди за дестабилизација мора да престанат веднаш. Дијалогот олеснет од ЕУ не може да продолжи бидејќи речиси ништо не се случи. Новото поглавје од дијалогот за нормализација треба да ги земе предвид и агресивните дејствија на Србија и нејзините напори за анексија на Косово. Мора да се преземат чекори за да му се даде на дијалогот уште една шанса да успее. Поитно од кога било досега е Србија да престане да кажува дека никогаш нема да го признае Косово, рече Курти.
Сенаторката Шахин порача дека на регионот му треба стабилност и мир и во тој правец мора да се работи по секоја цена.
-САД се покрај вас, рече Шахин, нагласувајќи дека одговорните за нападот од 24 септември мора да понесат одговорност.
Ново на Сител
-
Пронајдена почината изгубената планинарка на Шар Планина
-
Во Лазарополе минус еден, на Попова Шапка нула степени
-
Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади
-
Денес се празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија
-
ИДФ го уби лидерот на Хамас во Либан
-
Бајден: Недозволиво е да избувне сеопфатна војна на Блискиот исток
-
Најмалку 69 загинати од ураганот Хелена во САД
-
Израел подготвува копнена инвазија врз Либан