Свет
1. May 2017 - 15:13

Курц во ненајавена посета на Либија

Шефот на австриската дипломатија и претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Себастијан Курц денеска е во еднодневна посета на Либија со цел да испрати јасен сигнал на поддршка за Владата на национално единство.

Посетата е ненајавена поради безбедносни причини, а главна тема на разговор ќе биде бегалската криза, како и економските интереси на Австрија во Либија.

Предвидено е Курц да се сретне со поголем број претставници на либиската Влада на национално единство, меѓу кои и премиерот Фајез ал Сарај. Планирана е и средба со министерот за надворешни работи Мохамед Тахер Сиал, како и со министерот за економија Насер Фаделалах Аун.

Курц најави и разговор со командантот на либиската крајбрежна стража и со претставници на либиската нафтена компанија НОЦ.

Пред соборувањето од власт на Моамер Гадафи, во Либија имаше 25 компании, кои во 2011 година по граѓанската војна се повлекоа.

Во делегацијата на Курц се и претставници на нафтената компанија ОМВ, на концернот ВАМЕД и на фирмата Раух.

ОМВ е активна во Либија од 1975 година и е една од најважните купувачи на либиска сирова нафта. Поради несигурната ситуација ОМВ во Либија годинава произведуваше само 10.000 барели нафта дневно, а за идната година планира зголемување на производството на 40.000 барели дневно. 

Здраствениот концерн ВАМЕД во Триполи управува со најголемата болница со 1.400 кревети, а производителот на сокови Раух пд 2015 година произведува сокови во Либија.