КупиКнига.мк ја објави листата на 20 најпродавани книги во 2015 година
Онлајн книжарницата КупиКнига.мк ја објави топ 20 листата на најпродавани книги во Македонија во 2015 година, на која на прво место е книгата „Ако не постои утре“ од Гијом Мисо. Тој воедно е и најпродаваниот автор минатата година со четири дела во топ 20 листата, од кои на високото трето место е и неговата книга „Спаси ме“.
На второ место на листата е Зозе Мургоски со својот Англиско-македонски и Македонско-англиски речник со граматика. Мургоски е единствен македонски автор чие дело е меѓу најпродаваните 20 книги.
- Трендот на купување книги од жанрот на белетристиката трета година по ред е најактуелен. Трилерите, љубовните и еротските книги се најинтересни за читателите, изјави Елена Јолевска, продукт-менаџер на КупиКнига.мк.
Во прилог е целосната листа на 20 најпродавани книги во 2015 година што ја објави КупиКнига.мк:
1. Ако не постои утре - Гијом Мисо
2. Англиско-македонски и Македонско-англиски речник со граматика –
Зозе Мургоски
3. Спаси ме - Гијом Мисо
4. Една неодолива љубов - Џули Џејмс
5. И одеднаш едно лето - Џули Џејмс
6. Кога мене ќе ме нема - Колин Оукли
7.Тајната на сопругот - Лиен Мориарти
8. Греј - Е. Л. Џејмс
9. Казна за гревот; Ноќта кога дојдоа сватовите. Кн. 1 - Јелена Бачиќ Алимпиќ
10. Во врска со онаа ноќ - Џули Џејмс
11. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
12.1984 - Џорџ Орвел
13. Големи мали лаги - Лиен Мориарти
14. Последната пролет во Париз - Јелена Бачиќ-Алимпиќ
15. Седум години подоцна - Гијом Мисо
16.Светот не е фабрика за исполнување желби - Џон Грин
17. Светското зло и беда наследството на 13 династии на илуминатите - Робин де Рајтер
18. Ејми ја нема - Џилијан Флин
19. На една свадба - Џули Џејмс
20. Казна за грех - Ноќ када су дошли сватови - Јелена Бачиќ-Алимпиќ
КупиКнига.мк е прв македонски портал за електронска трговија со книги, кој е всушност агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот. Во неговата понуда се над 47.000 изданија на македонски, српски, англиски и на албански јазик од најразлични жанрови.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција