Кошарка
17. February 2017 - 19:39

Куп: Полуфинале за К.Соколи и Фени И.

Во кавадарци се игра завршницата  на националниот кошаркарски Лимак куп.  Пласман во полуфиналето досега обезбедија екипите на Карпош Соколи и домаќинот Фени Индустри. 
СЛИКА КОШАРКА  Потпис: Лимак куп : К.Соколи прв полуфиналист 
Кошаркарите на Карпош Соколи во ¼ финалето славеа со 92-84 против екипата на Вардар во натпревар во кој фаворитот имаше убедливо водство од 19 поени разлика но дозволи противникот да се доближи на само 4 поени 86-82. Сепак на крајот предводени од расположениот Трајковски кој постигна 20 поени  дојдоа до пласман во полуфиналето каде ќе играат против победникот од дуелот Работнички – Куманово кој е во тек. Многу поубедливи беа домашните кошаркари на Фени Индустри кои убедливо го поразија Охрид со 112-69.   Уште на крајот на првиот дел Фени направи предност од 20-тина поени која само ја зголемуваше до крајот на средбата. Кавадарчани во полуфиналето ќе  играат со подобриот од дуелот  МЗТ СКопје – Кожув кој се игра вечерва. 

Ново на Сител