-->
-->
Куп Конфедереции: Голманот Браво го однесе Чиле во финалето
-->
Репрезентацијата на Чиле избори место во финалето на фудбалскиот Куп на Конфедерации што се одржува во Русија. Чилеанците синоќа во Казан, во првиот полуфинален меч ја победија Португалија со 3:0 на пенали.
По основните 90 и дополнителни 30 минути немаше погодоци, иако и двете репрезентации имаа по неколку шанси за гол.
Јунак во пенал серијата беше голманот на јужно-американски шампион Клаудио Браво кој ги одбрани пеналите на Рикардо Кварезма, Жоао Мутињо и Нани, додека за Чиле погодија Артуро Видал, Чарлс Арангуиз и Алексис Санчез, па немаше потреба за четврта и петта серија бидејќи водството од 3:0 беше недостижно за европскиот шампион.
Во второто полуфинале вечер од 20 часот во Сочи ќе се сретнат селекциите на Германија и на Мексико.
Финалето е закажано за недела во Санкт Петербург.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?