-->
-->
Кумуцакос: Изјавите на Димитров го покажуваат патот кон утрешниот протест
-->

- Неприфатливите изјави на Димитров дека Скопје отфрла било какви преговори за наводен „македонска етничка припадност“ го покажуваат патот. Во недела, на Ситагма, изразувањето на националната чувствителност станува сила на преговорите - напиша одговорниот за надворешна политика во Нова демократија на неговиот твитер профил, заедно со фотографија со грчкото знаеме.
Јоргос Кумуцакос, јавува дописникот на МИА од Атина, изјавите на шефот на македонската дипломатија ги коментираше и во интервјуто за грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ, велејќи дека го прават уште потешко постигнувањето заемно прифатливо решение, но додава дека прашањето е за што преговара грчката влада.
Во однос на „црвените линии“ и дали Нова демократија се согласува со ставот дека „сега е време за решение“, Кумуцакос упатува критики до грчката влада затоа што „нема една, единствена и заедничка позиција“ меѓу коалиционите партнери СИРИЗА и Независни Грци, но и дека не ја известила навремено опозицијата за преговорите.
- Нова демократија не ги води преговорите. Ниту имаме комплетна слика за деталите и корелациите. На пример, заедно со сите Грци, ненадејно слушнавме дека владата, се чини дека воопшто го нема поставено прашањето за наводната „македонска“ етничка припадност. Исто така нема разјаснето дали спроведувањето на било кое решение ќе биде комплетно или ќе биде во фази, вели Кумуцакос во интервјуто за грчката новинска агенција, пренесува МИА.
Одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија вели дека нивна цврста позиција е дека потребно е да има напредок во процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан, затоа што стабилизацијата на регионот е во национален интерес на Грција
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори