Македонија
5. October 2018 - 12:21

Кумановскиот Црвен крст ја одбележа Неделата на млади

Општинската организација на кумановскиот Цвен крст, по повод Недела на млади организира повеќе активности. Денеска, на градскиот плоштад, младите волонтери од Клубот на млади ги претставија своите активности со штанд  на кој имаше информативни флаери и пункт за демонстрација на укажување прва помош за заинтересираните случајни минувачи.

„На овој начин младите како и постарите граѓани од нашата општина имаа можност поблиску да се запознаат со работата, активностите и достигнувањата на младите волонтери од општинската организација на Црвен крст Куманово“-изјави, секретарот на општинската организација, Бојан Петрушевски.

Во наредниот период, ќе се одржи и дисеминација во која членовите на организацијата ќе ги презентираат активностите пред младите во вишите класови од основните и средните училишта од градот. Во рамки на одбележување на оваа недела ќе биде поделена и хуманитарна помош која се состои од прехрембено-хигиенски пакети за социјално ранливите категории граѓани.

Според надлежните од кумановскиот Црвен Крст, општинската организација има задоволителна бројка млади, а во моментов функционираат три мини клуба во рамки на три основни училишта каде се одржуваат предавања, креативни работилници, со цел да се привлече поголем број на млади волонтери во организацијата.