Кумановската полиција во два одделни случаја приведе две лица за издржување казна затвор
Кумановската полиција во два одделни случаја приведе двајца кумановци за издржување казна затвор, соопшти денеска СВР Куманово. Двете осудени лица биле барани со потерница и ќе бидат спроведени во затвор – едниот во Идризово, вториот во К’шање.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 20:30 часот го лишиле од слобода Н.Д.(43) од Куманово. Тој е осуден на седум години и пет месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а се барал со потерница за доиздржување четири години и два месеца казна затвор. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа затвор Идризово за доиздржување на казната.
Вчера во 16:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода А.Ш.(26) од Куманово. Тој се барал со потерница за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправна установа затвор К’шање за издржување на казната.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ