-->
-->
Кумановската библиотека го збогати книжниот фонд со над 800 книги
-->
Библиотеката "Тане Георгиевски" од Куманово, набави нови 262 наслови или околу 830 книги од различни жанрови. Книгите се набавени од десет издавачки куќи од Македонија.
-Набавена е литература по слободен избор од сите области, односно најновите изданија кои можеа да се најдат на годинешниов саем на книгата, а за кои постои интерес кај читателите, истакна денеска, директоророт на библиотеката, Марјан Петковски.
Освен, книги на македонски јазик, набавени се и дела на албански и српски јазик. За набавката на книгите, библиотеката одвои 245.000 денари.
Читателите од Куманово веќе позајмуваат нови дела, од кои 90 проценти веќе се обработени, меѓу нив значителен фонд на атрактивни барани дела. Ова е прва од трите набавки што библиотеката ги спроведува на годишно ниво.
Според Петковски нема осцилации во однос на посетеноста на библиотеката и на одделението за возрасни и на детскиот оддел. Учениците, основците и средношколците бараат лектири, но се бараат и популарни дела по слободен избор.
-Најмногу се чита белетристика и може да се потенцира дека последниве години расте бројката на читатели, затоа постојано го збогатуваме фондот на библиотеката, рече Петковски.
Дневно библиотеката ја посетуваат над 150 читатели. Во двата оддели за возрасни и за деца регистрирани се вкупно 7.361 корисници, од кои активно се близу 4.000. Со фонд од околу 200.000 примероци, кумановската библиотека е меѓу најбогатите во земјава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана