Македонија
4. April 2020 - 8:23

Куманово со целосна забрана за движење

Во Куманово од синоќа од 21 часот е воведена забрана и посебен режим на движење на населението. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) кои своите работни ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Одлуката, ја донесе Владата вчера, а полицискиот час ќе заврши во 05 часот наутро во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, во Куманово забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи на подрачјето на Општина Куманово.