-->
-->
Куманово се откажа од БИБЛ лигата
-->
Екипата на Куманово повеќе нема да се натпреварува во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ).
Кумановци преку соопштение информираа дека откажувањето на настапот во БИБЛ лигата е поради намалената финансиска поддршка од општината.
Воедно од клубот најавуваат дека целосно ќе се насочат кон настап во Првата македонска лига.
Во продолжение ви го пренесуваме соопштение на кумановци.
„Ве информираме дека КК Куманово нема да продолжи да се натпреварува во Балканската БИБЛ лига од оправдани причини. Поради намалување на финансиската поддршка од страна на Општина Куманово, клубот не е во можност да ги подмири тековните трошоци за натпреварување во оваа лига, за што искрено жалиме.
Како ново раководство, сакаме реално да ја согледаме финансиската состојба во клубот која не е на завидно ниво, но мораме да ги определиме и приоритетите за делување во наредниот период. Согласно со тоа, прв приоритет ни се редовните обврски кон постоечкиот играчки кадар, како и кон Македонската кошаркарска Федерација, како и други субјекти поврзани со патувања, сместување и др.
Со оваа одлука создаваме услови за целосно посветување на натпреварувањето во Првата македонска лига, во кое амбициите ни остануваат исти, а тоа е пласман во Супер лигата, но со напомена дека ќе се даде акцент на млади домашни играчи кои ќе бидат база за наредните сезони.
Во секојдневни преговори сме со потенцијални спонзори кои се подготвени да помогнат во подобрувањето на финансиската состојба. Исто така, работиме и на изготвување на четиригодишен план за спортски и финансиски развој на клубот.
Ја замолуваме нашата верна публика да го разбере овој тежок момент и да ни даде поддршка во наредниот период да излеземе посилни од оваа ситуација и да се вратиме на победничките патеки заедно“, се вели во соопштението на КК Куманово.
Инаку Куманово минатата година играше во финалето на оваа лига, во која единствен македонски претставник останува екипата на Блокотехна од Гевгелија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!