Македонија
12. September 2021 - 17:12

Кумановец нападнат и ограбен во неговиот дом

Вчеравечер во 22.40 часот во СВР Куманово Џ.И.(71) од Куманово пријавил дека околу 22.10 часот  во неговиот дом во Куманово бил физички нападнат од две лица, од кои едното имало пиштол, кои му одзеле пари и два мобилни телефони, велат од МВР.

Извршен е увид.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.