Македонија
23. December 2015 - 15:57

Кумановчанка доживеала хорор, ја киднапирале и силувале со денови

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (25) и Б.С.(32), двајцата од село Герман, општина Ранковце, поради киднапирање и силување.  Насилниците во периодот од 09.12.2015 година до 21.12.2015 година во местото „ Гарејци“ во атар на селото Герман, во Општина Ранковце, држеле 25 годишна жителка на селото Нерав во нивната семејна куќа и ја силувале со денови. Монструмите исто така ја ограбиле девојката при што и одзеле 500 евра, мобилен телефон, златно ланче, а и забраниле да комуницира со нејзините малолетни деца и невенчаниот сопруг.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.