Македонија
20. August 2021 - 13:47

Куќа изгоре во Пржино

Куќа изгоре во пожар во Пржино и најмалку едно лице е повредено.

Пожарот се случил пред околу половина час и според кажувањата на соседите за десет минути куќата изгорела цела. Според информации на Сител обидувајќи се да го изгасне пожарот со изгореници се здобил сопственикот на куќата на кого во моментот му се пружа итна медицинска помош но неговата здравствна состојба и степенот на изгореници не се познати.

Од пожарот зафатена е фасада на соседната куќа која е лепенка со изгорената куќа а штети има и во дворовите на соседите.

 

Даниел Василев