Крводарителска акција во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес
Во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес денеска се одржа акција за доброволно дарување крв, при што беа собрани 39 крвни единици.
Како што информира секретарот на Општинскиот Црвен крст од Велес, Миле Маџаров акцијата која е прва пролетна од четирите велешките средни училишта во оваа календарска година, ја спроведоа медицински екипи на Центарот за трансфузиона медицина од Скопје во соработка со Општинскиот Црвен крст.
- Акцијата е успешна и со тоа велешките средношколци како и во изминатите години, само потврдуваат дека се на врвот на хуманите во земјава, потенцира Маџаров.
Следната акција за доброволно дарување на крв е закажана на 25 март во Хемиското ССОУ „Димитрија Чуповски“, а потоа ќе следат и во Гимназијата и Економското училиште во Велес.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер