Македонија
9. March 2016 - 17:30

Крводарителска акција во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес

Во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес денеска се одржа акција за доброволно дарување крв, при што беа собрани 39 крвни единици.

Како што информира секретарот на Општинскиот Црвен крст од Велес, Миле Маџаров акцијата која е прва пролетна од четирите  велешките средни училишта во оваа календарска година,  ја спроведоа медицински екипи на Центарот за трансфузиона медицина од Скопје во соработка со Општинскиот Црвен крст.

- Акцијата е успешна и со тоа велешките средношколци како и во изминатите години, само потврдуваат дека се на врвот на хуманите во земјава, потенцира Маџаров.

Следната акција за доброволно дарување на крв е закажана на 25 март во Хемиското ССОУ „Димитрија Чуповски“,  а потоа ќе следат и во Гимназијата и Економското училиште во Велес.