Македонија
27. October 2016 - 15:03

Крводарителска акција во општина Карпош

Во рамки на Деновите на општина Карпош и во пресрет на 40-от роденден на оваа локална самоуправа, денеска се одржа крводарителска акција „Капка крв за живот плус“. Граѓаните даруваа крв на три пункта во ТЦ „Скопје Сити Мол“, надвозникот „Влајко“ и во салата на ООУ „Лазо Трповски“.

Во акцијата, организирана од општина Карпош и Црвениот Крст на Република Македонија, крв даруваа градоначалникот Стевчо Јакимовски, претседателот на Советот Сашо Лазаровски и вработените во општината.

- Општина Карпош е изградена од светската солидарност од поранешната југословенска држава, сметаме дека солидарноста треба да биде на прво место во прославата на Деновите на општината. На годинашната крводарителна акција за околу два часа се донирани околу 80 литри крвни единици, истакна Јакимовски, кој даруваше крв по 12-ти пат.

Тој апелираше сите граѓани кои имаат можност да дадат крв затоа што на тој начин се спасува нечиј живот. 

Крводарителната акција почна во 9 часот и ќе трае до 17 часот.