Македонија
16. April 2018 - 14:31

Крвава тепачка на нива во скопско Усје: Жена со клешти ја мавала сосетката и ја давела

Вчера во 14.00 часот било пријавено дека во нива во село Усје, скопско, С.С.(47) од село Усје, го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз лицето Л.С.(59) од истото село.
 
Додека Л.С. работела во нивата заедно со нејзиниот сопруг, а алиштата ги ставила на столбовите од лозјето на С.С.. Таа (С.С.) ги фрлила алиштата и започнала со клешти да ја удрира Л.С. во  пределот на главата по што и нанела видлива повреда.
 
После тоа, ја турнала на земја и почнала со раце да ја дави. По целосно документирање на случајот против С.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.