Крвава пресметка меѓу двајца адвокати во Франција
Изутринава во судот во Мелан (Сена и Марна) дојде до крвава расправа меѓу двајца адвокати, јавува дописникот на МИА од Париз.
Адвокатот Жосеф Сципилити адвокат при судот во Мелан, во 9 часот влезе во канцеларијата на претседателот на адвокатската комора и на три пати пукаше врз претседателот Хенрик Вание, по што се застрела самиот. Неговата смрт е потврдена.
Претседателот на адвокатската комора погоден со повеќе куршуми е пренесен кон болницата во Мондор – парискиот регион, по што почина како последица од повредите.
Според информациите објавени изутринава во француските медиуми, двајцата адвокати биле во конфликт извесно време. На адвокатот кој смртно го рани својот колега и потоа се самоуиби, Жозеф Сципилити му беше забранет дури и пристапот во судот, каде се случи крвавата пресметка.
Тој бил суспендиран три години од страна на адвокатската комора, откако испатил заканувачки писма до претседателот на комората. Изутринава тој имаше средба со претседателот на адвокатската комора, кој требаше да му ја нотифицира суспензијата.
Ново на Сител
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи