Крвава драма во Скопје - Сватови се пресметале со палки
Вчера околу 23:00 часот во Скопје, на улица „Вашингтонска“, додека Н.Е.Х.(50) седел во неговиот дом заедно со неговата сопруга Л.Х.(46) и неговиот син Х.Р.(18), дошол неговиот сват Х.И. со неговиот син Х.И., кои без повод и причина почнале да го удираат со тупаници, при што Х.И. со палка го удрил во пределот на раката и вратот, а додека неговиот син Х.И. со метален предмет го удрил во пределотна грбот.
Во истиот момент од домот излегле и браќата Х.Н. и Х.И., по што и тие биле нападнати од страна на таткото и синот со предметите кои ги држеле во рака, по што физичкиот напад продолжил и на улицата.
Поради предизвикан страв, сопругата на Х.Р. со нивното бебе избегала кај соседите да побара помош.
Причина за настанот според кажувањето биле се нерасчистени семејни односи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
106 санкционирани возачи во Скопје
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Сончево време со мала до умерена облачност
-
Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори
-
Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор