Крвав пир: Свиња стана плен на алигатори, туристите се потсмеваа
Моментот кога група туристи намамува дива свиња во канџите на алигатори е снимен со камера. Вознемирувачката снимка покажува гладни алигатори како го набљудуваат својот плен од мрачните води на река во Њу Орлеанс, Луизијана, а потоа го грабаат пленот кој зема храна која туристи ја фрлаат од бродот.
На снимката јасно се слуша како еден од нив зборува: Мораме овие алигатори да ги нахраниме со една свиња.
Додека остатокот од групата се смеат, алигаторот ја грабнува свињата за нога. Врескањето на кутрото животно и обидот за побегне не и помогна да го спаси животот, На крајот алигаторот ја повлекува свињата во длабочината на реката.
За снимката дојдоа многу негативни коментари со оглед дека станува збор за намамена свиња кон алигаторите. Доколку во природата свињата сама залута меѓу опасните предатори во ред е да биде дел од ланецот на исхрана во дивината, но во овој случај нездрави луѓе и помогнаа да стане плен.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје