-->
-->
Круемади: Рама е кукавица, ќе живее како Арафат
-->
Лидерката на опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), трета по големина партија во Албанија, Моника Круемади гостувајќи во емисијата „360 степени“ на тиранската телевизја Ора њуз, истакна дека премиерот Еди Рама е кукавица и оти „ќе живее како поранешниот палестински претседател Јасер Арафат“.
Рама е кукавица. Тој замина. Најдете ми еден случај. При секој протест, без разлика дали бил Сали Бериша премиер, дали Илир Мета, дали Пандели Мајко или Башким Фино. Кој побегна од Владата поднесувајќи оставка. Бидете убедени дека Еди Рама ќе живее како Арафат. Два дена нема да остане на едно место. Ниту неговиот возач нема да знае каде ќе биде, посочи Круемади.
Во врска со откажувањето на пратеничките мандати и на пратениците од нејзината партија, таа изјави дека тоа е единствен демократски пат кој и преостанал на опозицијата.
Откако опозицијата ги искористи сите средства и обиди со власта, за волја на вистината ароганцијата или еуфоријата, заробените институци достигнаа кулминација. Она што денес може да изгледа радикално не е такво. Тоа е единствениот демократски елемент што и преостана на опозицијата, рече таа.
Обвини дека во саботата од вратата на Владата кон учесниците на протестот било фрлано со отровен боев гас и солзавец.
Круемади, која е сопруга на актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета, категорично изјави дека тој не може да ја запре во донесувањето на политичките одлуки.
Нашите одговорности не ги мешаме со семејните односи, изјави таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?