-->
-->
Крос натпревар на Газибаба
-->
Во склоп на парк шумата „Газибаба“ на дел од патеките во одлични временски услови вчера беше одржан крос натпреварот „Газибаба Челинџ 2016“ во организација на „Индјуранс“ клубот. На натпреварот учествуваа околу 80 атлетичари и рекреативци, а за првпат на еден ваков натпревар натпреварувачите имаа чип систем на старните броеви, со кој се мереше времето.
Се трчаше во две конкуренции. Кај мажите патеката од 8 километри (шест крфугови) најбрзо ја истрла Милош Ранчиќ со време 24:45.8 минути. Второт место му припадна на Дарио Ивановски со резултат 25:23. 4, додека третопласиран беше Атанас Анчевски со време 25:42.4.
Во женска конкуренција најбрза на патеката (5 километри – четири кругови) беше Адријана Поп Арсова со време 21:06.3 минути, пред Маргарита Мојсовска, која имаше време 24:02.4, а како трета целта ја мина Ивона Кафеџиска – 25:02.3 минути.
Стартот на трката го означи градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи