Кризните мерки во Србија и натаму остануваат на сила, меѓу кои и ПЦР тестот на влез во земјата
Кризниот штаб на српската Влада за борба против коронавирусот денеска одлучи сите постојни мерки да останат на сила и понатаму, бидејќи е оценето дека тие даваат резултати, јави доипсиникот на МИА од Белград.
Кризниот штаб ја започна седницата со цел да се разгледаат мерките што беа донесени пред новогодишните празници, кои беа на сила до 10 јануари. Се дискутираше за три клучни теми – мерки за влез во земјата, работа на училиштата и мерки за економијата.
Мерките за влез во Србија остануваат со задолжителниот негативен ПЦТ тест за странските државјани или изолација до негативен тест за српските државјани.
Работното време на угостителските објекти останува до 20 часот, а на продавницата до 21 часот.
Вториот полугодие во образовниот процес ќе започне на 18 јануари, како што и беше предвидено; а на сила остануваат и претходно утврдените мерки, забрана за собирање на повеќе од пет лица, како и носењето маски во затворени простории.
Во Србија од денеска почна пријавувањето на граѓаните за вакцинација, која се врши електронски преку порталот Е-управа, а од четврток тоа ќе моат да го направат и преку телефонско закажување.
Ново на Сител
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени