Живот
21. August 2015 - 12:15

Кризата не влијаеше на годишните одмори

Граѓаните на Босна и Херцеговина кои оваа година летуваа надвор од земјата, најмногу го бираа јадранското приморје, Шпанија и Турција. 
Фатима Јашаревиќ, директорка на една од познатите сараевски туристички агенции, во разговор за Агенцијата Анадолија (АА) изјави дека граѓаните на БиХ оваа година за одмор најмногу се одлучуваат во Шпанија, Турција, но и на дестинации како Шри Ланка и Малдиви.

- Најевтиниот аранжман е хотелот во Оребиќ по цена од 36 КМ или 18 евра, по лице за полупансион. Оваа година тука го надминавме капацитетот. Ние ги покривме и сите хотели на Јадранот, а цените се движат од 50 евра па нагоре. Оваа година го имаме и црногорското приморје каде цените се поефтини од Хрватска – рече Јашаревиќ.

Таа потенцира дека голем е бројот на граѓани на БиХ кои се одлучуваат да летуваат надвор од земјата и традиционално ја бираат Турција, посебно летувалиштата Кемер, Бодрум и Белек.

- Побарувачката за Турција е некако константна последните десет години, а цените варираат од 700 КМ или 358 евра за седум дена до 5.000 КМ или 2.556 евра, за супер де лукс. Во понудата ја имаме и Египет, а цените се од 800-900 КМ, т.е. од 409-406 евра, па до 3.000 КМ или 1.533 евра – рече директорката Јашаревиќ.

Освен тоа, таа потенцира дека во понудата оваа година имаат и далечни тури како Андалузија, Москва, Дубаи, Шри Ланка и Малдиви. 
Потенцира дека оваа година не се чувствува некоја поголема финансиска криза меѓу граѓаните кои одлучуваат да патуваат надвор од Босна и Херцеговина.

- Бројот на патниците кај нас некако е на исто ниво. Не се чувствува некоја криза за која толку се зборува. На кој начин патниците се снаоѓаат не знаеме. Некои зимаат и интерни кредити од банките, а ние во агенцијата им помагаме околу плаќањето – објаснува Јашаревиќ. 
Значаен број на граѓани од БиХ, кои патувале оваа година, сепак се одлучија летото да го поминат на море во Неум, хрватското и црногорското приморје.

Албанците оваа година најмногу летуваат во Турција и Грција

Според една туристичка агенција од Тирана, жителите на Албанија кои оваа година годишниот одмор го поминале надвор од земјата, најмногу патувале во Турција и Грција.

Најниски цени на летните аранжмани за Турција изнесуваа 299 евра по лице, а за Грција 199 евра, додека највисоките цени се околу 2.500 евра на двете туристички дестинации. Освен Турција и Грција, помал број на граѓани од Албанија ова лето одморот го поминале во Италија. 
Според податоците на една туристичка агенција од Белград, граѓаните на Србија кои летуваат надвор од земјата ова лето најмногу се одлучиле за патувања во Турција, Грција и Шпанија.

- Оваа година најмногу наши граѓани патуваа во Турција, Грција и Шпанија на одмор. Цените за Турција се движеа од 390 евра по лице, па до 3.000 евра за десет дена. Во понудата Грција е од 299 до 2.000 евра – рекоа од оваа туристичка агенција. 
Освен овие земји, голем број Срби ова лето престојувале во Италија, на Кипари и во Црна Гора.

Хрватите остануваат на море во својата земја

Од една туристичка агенција во Загреб наведоа дека голем број жители на Хрватска оваа година летуваат на своето приморје. 
- Голем број од нив останаа тука во Хрватска. Цените на аранжманите на хрватското приморје се движат од 170 до 1.100 евра. Најпопуларни се Лошињ, Опатија, Ловран и островот Хвар – рекоа од оваа агенција. 
Тие потенцираа дека голем број граѓани од Хрватска кои летуваат надвор патуваат во Италија и Шпанија.

Според податоците на една туристичка агенција во Подгорица, граѓаните на Црна Гора ова лето најмногу летувале во Грција, Италија и Шпанија.

- Од понудите кои ги имавме ова лето најмногу се одеше во Грција, Италија и Шпанија – наведоа во оваа туристичка агенција. 
Цените се движат од 269 евра за аранжман од десет дена по лице во Грција, до на пример престој во Венеција од четири дена кој чини 360 евра. Аранжманот за Андалузија за шест дена чини 615 евра.

Агенција Анадолија (АА) - Сараево