Кривичниот суд во 2020 година го надминал приливот на предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети
Основниот кривичен суд Скопје 2020 година го надминал приливот на предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети што е показател на ажурноста на судот, рече претседателот на судот Иван Џолев на денешниот брифинг со претставниците на медиумите и невладините организации .
Говорејќи за последните статистички податоци за работата на судиите во Кривичниот суд, тој посочи дека минатата година Кривичниот суд ја започнал со 20 380 предмети од претходната година, 43 080 ново примени предмети, или вкупно 63 460 предмети во работа.
Претседателот на судот информира дека за овој период решени се 44 040 предмети, а во работа останале уште 19 420 предмети.
Од старите предмети, што се постари од две години, како што беше речено на брифингот, вкупно во работа имало 3 013 предмети, од нив решени се 2 009 предмети, а останале 1 004 нерешени предмети.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата