Кривични пријави за десет лица кои со фалсификувани документи подигале кредити
Полицијата поднесе четири кривични пријави за десет лица осомничени за фалсификување документи за добивање потрошувачки кредит, со што ја оштетиле филијалата на Комерцијална банка ад Скопје. За седум лица е определен притвор, а за тројца мерки на претпазливост.
За пет лица: Г.П (50), Д.С. (37),М.Л. (28) К.К. (26), М.Т(31) се поднесени пријави поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Измама“, предвидено и казниво по член 247 ст 4 вв ст 1 од КЗ на РСМ , а за за другите пет лица М.М (32), Б.Х (37) , М.Т. (22), Ј.З(40) ,А.Т(33) поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Помагање“ по член 24 од КЗ на РСМ, а во врска со член 247 ст 4 вв ст 1.
– Првопријавените во текот на месец мај годинава со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со помош на петте второпријавени лица помагатели обезбедиле лажна – фалсификувана документација за докажување на правно релевантни факти и истата ја употребиле како вистинска во постапка за апликација за готовински ненаменски потрошувачки кредит во Комерцијална банка АД Скопје – филијала Прилеп. За четворица од апликантите, врз основа на лажната и фалсификувана документација за имотна состојба биле одобрени и исплатени бараните парични средства по основ на кредит, во вкупен износ од приближно 4.400.000 денари, за еден од апликантите исто врз основа на лажна и фалсификувана документација бил одобрен кредитот но апликантот не стигнал да ги подигне средствата, додека за останатите била запрена обработката на апликациите, бидејќи овластени службеници од банката се посомневале во веродостојноста на приложената документација, соопшти Министерството за внатрешни работи.
За пријавените М.М (32), Б.Х (37), М.Т. (22),Ј.З(40), А.Т(33) за „помагање“ во извршување на кривичните дела од страна на петте пријавени лица, стои во соопштението, освен што со умисла им помагале на пријавените лица во извршувањето на делата, постојат основи на сомневање дека подолг временски период обезбедувале лажна – фалсификувана документација потребна за апликација за добивање на кредит во истата банка.
Сите пријавени лица се изведени пред судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп, при што, врз основа на предлог на Основното јавно обвинителство Прилеп, од страна на Судија на претходна постапка се изречени вкупно 10 мерки на обезбедување и тоа за 7 лица мерка „Притвор“ во времетраење од 30 дена, а за три лица мерка „Претпазливост“.
Ново на Сител
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра
-
Четири малолетнички нападнале своја врсничка, која ја познавале, а настанот го снимиле со телефон и го споделиле на социјални мрежи
-
61-годишен прилепчанец измамен за 175.000 денари, го убедиле дека инвестира во криптовалути
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на настрешница на Железничката станица во Нови Сад
-
Силувано 12 годишно девојче во валандовско
-
Украл пари и други производи од продажен објект - гостиварчанец приведен за тешка кражба
-
Герасимовски: Центар ги исчисти улиците во Маџир маало каде надлежност има градот Скопје