Кривична за тетовка која подигала кредити со туѓа лична карта
– СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, како и против две подружници на финансиски друштва во Тетово, Г.А. (35) од Република Бугарија, раководител на едната подружница, Р. Г. (37) од Скопје, раководител на другата подружница и вработените во двете подружници, С.И. (34) од Тетово и М.А. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Првопријавената, во јануари 2022 година во близина на Клиничкиот центар во Тетово пронашла изгубена лична карта, која наместо да ја пријави во полициска станица, без согласност на сопственичката ги искористила личните податоци и во три наврати подигнала брз готовински кредит во двете подружници на финансиските друштва. Двете правни лица и останатите четворица пријавени несовесно постапиле со пропуштање должен надзор и на тој начин и овозможиле на првопријавената да подигне брзи готовински кредити со користење личен документ од туѓо лице.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање