Македонија
28. September 2022 - 14:05

Кривична за скопјанец кој примил 9.714.945 денари но не платил 10% данок на државата

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Б.(54) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување".

- Пријавениот, во текот на 2021 на неговата трансакциска сметка примил 9.714.945 денари, но не пријавил и платил данок на личен доход во износ од 10% од вкупниот остварен доход. Односно Ф.Б. не поднел задолжителна годишна даночна пријава до УЈП и не платил данок на личен доход од 971.494 денари и за тој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија, информира МВР.