Кривична за поранешниот градоначалник на Кочани за злоупотреба на службена положба
Против поранешниот градоначалник на Кочани Р.Д.(61) поднесена е кривична пријава од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Кочани поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
- Пријавениот, како градоначалник на Кочани, од декември 2013 година до април 2014 година, без претходно донесена одлука од Советот на општина Кочани за субвенционирање на градскиот превоз на подрачјето на општината, склучил Договор за вршење јавен градски превоз за пробен период со „Авто Атом“ ДОО Кочани, врз основа на којшто, за секој продаден билет на превозникот, општината субвенционира половина од износот. На овој начин, пријавениот му овозможил на „Авто Атом“ ДОО Кочани да се стекне со противправна имотна корист, а го оштетил буџетот на општина Кочани за 3.000.690 денари, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени