-->
-->
Кривична за полицаец кој истепал приведено лице
-->
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Х.Г. од ПС за ОН Струмица, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по чл.143 од КЗ.
Како што соопштуваат од МВР, Х.Г. врз Н.Б., кој во моментот бил лишен од слобода и задржан во ПС за ОН Струмица, неосновано употребил физичка сила.
Против полицискиот службеник е покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспензија од работното место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто