Кривична за двајца кичевци за прекршување на полицискиот час
Полицијата поднесе кривични пријави против двајца кичевчани кои не го очитувале полицискиот час.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.И. (22) од Кичево. Тој не се придржувал до мерката за забраната за движење на граѓаните во временскиот период од 21:00 до 05:00 часот заради спречување на ширење на коронавирус COVID – 19, предвидена со одлука на Владата на РСМ.
Пријавениот, на 21 март во 21:15 часот, во време кога е на сила полицискиот час, на булеварот „Ослободување“, управувал патнички автомобил „голф“ по што, бил приведен во полициска станица, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.
Тој исто така објасни дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.П.(50) од Кичево, кој не се придржувал до мерката за забрана за движење на граѓаните од 21:00 до 05:00 часот.
Пријавениот, на 24 март во 00.35 часот, кога е на сила полицискиот час, на магистралниот пат Кичево-Охрид управувал патнички автомобил „голф“ по што, бил приведен во полициска станица.
Ново на Сител
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион