Кривична пријава за сопственик на угостителски објект од Берово, при контрола пронајдена марихуана
На 03.03.2024 во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, ОВР Берово, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат беше извршена акциска контрола во простории на правно лице - угостителски објект од Берово, во тек на работно време, а при преглед кај Г.Г., управител и сопственик на објектот, пронајдена е и одземена марихуана.
Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, против него е поднесена кривична пријава по член 215 став 2 од Кривичниот законик. Покрај ова, од страна на Управата за јавни приходи констатирани се непријавување на дневен промет и неиздавање на фискални сметки, додека од страна на Државниот пазарен инспекторат е констатирано пушење цигари во правниот објект, поради што изречена е соодветна санкција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна