Кривична пријава за сопственик и за правно лице за „даночно затајување“
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Oсновното јавно обвинителство Тетово против едно физичко лице во својство на сопственик и управител на Друштвото за градежништво, трговија и услуги Градба Компани ДООЕЛ село Ларце, Желино, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „даночно затајување“ и против истото правно лице поради основано сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Како што информира денеска Управата за финансиска полиција, првопријавениот Ф.А., во својство на сопственик и управител на второпријавеното правно лице Друштво за градежништво, трговија и услуги Градба Компани ДООЕЛ село Ларце, Желино, делото го извршил од 01.01.2019 до 31.12.2023 година. Тој свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе, материјалните средства евидентирани во билансот на состојба како постројки и опрема во вкупна вредност од 12.181.578,00 денари, неосновано ги присвоил за себе и не ги евидентирал во сметководствената евиденција на второпријавениот правен субјект како кусок.
- Првопријавениот во име на второпријавениот правен субјект не пресметал, не пријавил и не платил данок на додадена вредност по даночна стапка од 18 отсто во износ од 2.192.684,00 денари. Второпријавениот правен субјект Градба компани ДООЕЛ не пресметал, не пријавил и не платил данок на личен доход од 11.11 отсто во име и за сметка на првопријавениот во износ од 1.353.373,00 денари. Притоа во текот на 2022 година не ги прикажал како приходи застарените краткорочни обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 3.452.355,00 денари, при што не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на вкупен приход по даночна стапка од 1 отсто во износ од 34.523,00 денари, се вели во соопштението.
Со намера да ги прикрие инкриминираните активности, првопријавениот во име на второпријавениот правен субјект, како што се наведува, изготвил и поднел завршни сметки за 2020, 2021, 2022 и 2023 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Северна Македонија во кои не прикажал деловна активност на пријавениот правен субјект, а обврските се пресликуваат за секоја наредна година.
- На тој начин, пријавените затаиле данок на додадена вредност во износ од 2.192.684,00 денари, данок на личен доход во износ од 1.353.373,00 денари и данок на вкупен приход во износ од 34.523,00 денари, со што по сите горенаведени основи го оштетиле буџетот на РСМ во вкупен износ од 3.580.580,00 денари, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција.
Ново на Сител
-
Путин испрати новогодишни честитки до Орбан и Фицо, изоставувајќи ги останатите западни лидери
-
Леброн Џејмс денеска полни 40 години
-
Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување
-
Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив
-
ОЈО ГОКК донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски
-
Судскиот совет на РСМ ќе избира нов претседател на 3 јануари
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор