Кривична пријава за скопјанец за „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување судска одлука“
Против З.Ц. од Скопје, овластено службено лице во СВР Скопје, поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување судска одлука“.
- Од Основниот граѓански суд со решение на З.Ц. му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство на неговите малолетни деца во траење од 12 и три месеци со забрана да врши психичко насилство врз неговите малолетни деца и да ги инволвира во постапките кои родителите ги водат пред надлежните институции, соопшти денеска МВР.
И покрај мерките, З.Ц., како што се наведува, преку телефон и на социјална мрежа остварил контакт со едното малолетно дете и влијаел на градење на негативен став за мајката со цел да се обиде да ѝ го одземе старателството и го инволвирал во постапка пред надлежна институција.
- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, заради постапување спротивно на член 26 став 1 и 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана
-
Кипар активира систем за алармирање и засолништа поради судирот Израел-Иран
-
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма
-
Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град
-
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид на тетовско училиште
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата