Кривична пријава за прилепчанец за одгледување марихуана
Полициска станица Прилеп до Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето Е.И. (27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
МВР соопшти дека на вчера, по претходно преземени оперативно тактички мерки и истражни дејствија и по добиена судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога извршиле претрес во домот на пријавениот на ул. „Стибера“ во Прилеп. При претресот биле пронајдени едно стебло со корен без листови и кеса наполнета со зеленкаста материја, кои биле одземени со потврда за привремено одземени предмети. Исто така, биле пронајдени врвовите од стеблото, кои пријавениот ги спакувал во безбојно полиетиленско пакување и ги закопал во непосредна близина на локалната депонија. По извршеното вештачење било утврдено дека пронајденото стебло е растение од родот „Канабис сатива“, а зеленкастата материја е наркотична дрога марихуана со маса од 689,4 грама.
Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 денови.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори
-
Целосно се исплатени субвенциите за земјоделците
-
600 семејства се на работ на сиромаштијата