Македонија
19. March 2020 - 21:57

Кривична пријава за охриѓанец заради непочитување на самоизолација

По прогласувањето на вонредната сосотојба во Охрид се функционира исто како и вчера.Нема рестрикции во движењето и остварувањето на професионалните обврски на граѓаните.

Но и покрај препораките едно 63 годишно лице не се придржувало кон мерките за 14 дневна самоизолација . Вчера при извршената котрола полициските службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом по што охриѓанецот заработи кривична пријава за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија.

На подрачјето на СВР Охрид се врши контрола на 82 лица  со решенија за здравствен надзор а 205 граѓани сe со наредби за самоизолација а извршени се и контроли на 162 угостителски објекти .

Пријавениот, на 17.03.2020 година, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на Меѓународниот аеродром „Скопје“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од земја која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус КОВИД – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Охрид ќе спроведе задолжителна самоизолација.

Пријавениот, со непридржување до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус КОВИД – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство, стои во соопштението од СВР Охрид.

Останува препораката од Владата возрасните да останат во своите домови и доколку имаат потреба да побараат помош од волонтерите.

Инаку  и денеска во градот продолжија вонредните превентивни мерки за дезинфекција на јавните површини. Се дезинфицираше чаршиjата, градскиот кеј, урбаната опрема, клупите и детското игралиште во паркот.