Кривична пријава за Лидија Димова, сопственикот на В.Е.З. Трејд и двајца соработници во Агенцијата
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова и против сопственикот на Друштвото за трговија и услуги В.Е.З. Трејд, Зоран Златковски.
Кривичната пријава е поднесена и против А.Г., надворешен советник и против А.П, благајник во Агенцијата за европски образовни програми и мобилност.
Осомничени се дека причиниле штета во вкупен износ од 25.334.543,00 денари.
Се товарат за кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „измама на штета на средства на европската заедница“, „соизвршителство“ и „несовесно работење“.
– Пријавените Л. Д. како директор на НАЕОПМ, З. З како управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛСкопје, А. Г. како надворешен соработник и А. П. како благајник на НАЕОПМ причиниле штета од големи размери на доверените средства на Европската заедница во вкупен износ од 25.334.543,00 денари, информира Финансиската полиција.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата