Македонија
18. August 2017 - 14:28

Кривична пријава за кичевец за продажба на дрога

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против кичевецот Р.В.(40)  поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти МВР, при извршен претрес во домот на Р.В. вчера криминалистичката полиција од Кичево пронашла и одзела растителна материја со зеленкаста боја, најверојатно наркотична дрога марихуана, со маса од околу еден килограм, бела прашкаста материја, најверојатно наркотична дрога кокаин, со маса од околу 20 грама и три куршуми од различен калибар.

Полициските инспектори пронашле и одзеле и други предмети и прибор за користење на наркотични дроги. Пријавениот Р.В., неовластено ги набавил и ги држел во својот дом со цел натамошна препродажба на наркозависници од Кичево.

Одземените предмети се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.