Кривична пријава за двајца затворски полицајци, однеле затвореник да заврши приватни обврски, па им избегал
Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.Т.(41) и М.С.(49), двајцата од Струмица, вработени во Казнено – поправната установа Затвор Струмица. Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од Кривичниот закон.
На 04.12.2023, В.Т., заповедник во затворската полиција, му издал наредба на затворскиот полицаец М.С. со службено возило да однесе лице кое издржувало затворска казна да заврши приватни обврски во деловен објект во Струмица.
М.С., иако знаел дека ваквата наредба е противзаконска, постапил по неа и на тој начин В.Т. и М.С. му овозможиле на осуденото лице да излезе од затворот, иако тој ден немал право да користи таква погодност. Откако осуденото лице било однесено до деловниот објект, влегло само, а по излегување од објектот се дало во бегство.
Ново на Сител
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана
-
Пожари во Гевгелија и штипско Караорман
-
Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот
-
Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Изречени 117 санкционирани возачи во Скопје
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам
-
Французите протестираа против десницата