-->
-->
Кривична пријава за двајца делчевци кои не ја почитувале мерката за самоизолација
-->
– Две лица од Делчево казнети за непочитување на мерката за самоизолација. Првата кривична пријава од страна на Одделението за внатрешни работи Делчево му е поднесена на шеесет и две годишниот Ф.Т од Делчево, кој се товари за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.
-На 13 март 2020, при проверка од полициски службеници, пријавениот Ф.Т не е затекнат на пријавената адреса за самоизолација, иако потпишал изјава за 14-дневна самоизолација и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, инфомираат од ОВР Делчево.
Втората кривична пријава поради сличен прекршок ја заработи и Т.Н.(47) од село Град.
-На 18 март 2020 во 12:30 часот во село Град, при проверка од полициски службеници, пријавениот не бил пронајден на пријавената адреса за самоизолација, иако, исто како и во претходниот случај примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство и потпишал изјава за 14-дневна самоизолација, информираат од делчевската полиција.
Кривичната пријава на 47 годишниот жител на село Град му ја поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче