Кривична пријава за дебранец кој узурпирал државно земјиште
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.М(53) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
– А.М.во текот на 2020 година, во близина на неговата куќа во населбата „Ќернаница“ во Дебар узурпирал и оградил 105 метри квадратни државно земјиште.Со тоа тој противправно се стекнал со имотна корист од 406.822 денари, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Тој информираше дека синоќа во 21:05 часот на улицата „Велко Влаховиќ“ во Дебар нарушен е јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување од страна на Д.Д. (40) жител на селото Баланци, општина Центар Жупа.Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Што се однесува до мерката за носење лична заштита на лицето, на ова подрачје, во последното деноноќие, полициските службеници констатирале четири прекршоци и на овие лица им издале прекршочни платни налози.
Воедно, посочува Димоски, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле шест контроли во угостителски и други објекти.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација