Македонија
2. February 2021 - 14:50

Кривична пријава за четири лица од Велешта за напад на вработена и обезбедување во казино

Четири лица од струшкото село Велешта добија кривични пријави за напад врз вработена и обезбедување во казино лоцирано во центарот на Струга.

СВР Охрид информира дека ОВР Струга поднело кривична пријава против А.С.(30), А.С.(32), Б.Н.(36) и М.Н.(56) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

– Кривичното дело го сториле на 12 јануари годинава во 19 часот и 30 минути, во казино лоцирано на улицата „Нико Нестор“ во Струга, каде физички нападнале вработена во казиното и припадник на агенција за обезбедување, стои во соопштението на СВР Охрид.