Кривична пријава за битолчанец за производство и продажба на хероин
Секторот за внатрешни работи Битола, до Основното Јавно обвинителство во Битола, поднесе кривична пријава против биотолчанецот Б.Е. (55) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
Како што соопшти МВР, Б.Е. на почетокот на април 2018 година од непознато лице неовластено набавил наркотична дрога „хероин“ која ја препакувал во помали пакувања и неовластено им ја нудел на продажба на лица наркозависници на подрачјето на Битола.
На 04.04.2018 година со наредби од Основен суд Битола, од страна на полициски службеници биле извршени претреси во домот и во местото каде што престојува пријавениот. При претресите биле пронајдени една најлонска кеса, во внатрешноста со повеќе мали кеси со различна големина спремни за пакување на наркотична дрога и едно поголемо пакување со наркотична дрога „хероин“ обвиткана со селотејп.
Пронајдениот материјал бил одземен и доставен на вештачењe, при што било утврдено дека одземениот материјал со маса од 243 грама претставува хероин.
Од страна на судија на претходна постапка на Б.Е. му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри