Кривична пријава против скопјанец за узурпација на недвижности и бесправно градење
Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднело кривична пријава против скопјанец под сомнеж за узурпација на недвижности и бесправно градење.
– СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против лицето Р.М., на возраст од 32 години, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” по член 225 и „бесправно градење” по член 244-а од Кривичниот законик. Пријавениот во текот на годинава, на катастарска парцела на место викано „Ветерник“ во село Кондово, скопско, узурпирал плодно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија и со намера да го стави во свое владение, го употребил за изградба на објект од тврда градба без да поседува одобрение за градење, издадено од надлежен орган, согласно член 56 став 1 од Законот за градење, појаснија од Министерството.
Притоа, како што наведуваат оттаму, тој извршил и нелегално сечење на дрвна маса околу узурпираниот простор на површина од 500 квадратни метри, со што неповратно ги уништил природните својства на просторот.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник