Кривична пријава против скопјанец за улична продажба на марихуана
Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство-Скопје против скопјанецот М.С. (39) за неовластена набавка на наркотична дрога, марихуана и нејзина улична продажба на уживатели од Скопје.
Како што информира денеск МВР, Судија на претходна постапка на пријавениот му изрече мерка притвор во траење од 30 денови, за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Пријавениот, кој досега петпати е пријавуван за недозволена трговија со марихуана, во текот на октомври годинава, од засега непознати лица набавил поголема количина на марихуана, која препакувана за улична продажба ја чувал во својот дом во населба Маџари. Единицата за недозволена трговија, по добиеното сознание дека препакуваната дрога почнал да ја продава на уживатели од Скопје, превзеде опсежни мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази.
Осомничениот на 18. месецов, е забележан и легитимиран од полициски службеници во населба Маџари, при што кај него се пронајдени и одземени три полиетиленски паковки со марихуана спакувани во една поголема полиетиленска зипер кесичка. Пријавениот е приведен, а со наредба од Судија на претходна постапка истиот ден во неговиот дом е извршен претрес, при што се пронајдени и одземени една полиетиленска паковка и една кеса со марихуана со вкупна нето маса од 50,02 грама марихуана.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот