-->
-->
Кривична пријава против скопјанец за „давање лажен исказ“
-->
СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.П.(56) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „давање лажен исказ“, предвидено и казниво по член 367 ст.3 од Кривичниот законик.
Имено, пријавениот во текот на 2019 година, со намера да ја прикрие вистинската причина за вадење на нова возачка дозвола, до МВР на Република Северна Македонија, Сектор за надзорни работи, во управна постапка, поднел Барање за издавање на дупликат возачка дозвола и во прилог на Барањето приложил и Писмена изјава, во која пријавениот В.П. лично дал/навел лажен исказ дека македонската возачка дозвола му е украдена, иако знаел дека за време на неговиот престој во Р.Полска, неговата возачка дозвола му била одземена од страна на надлежните органи во Р.Полска.
Врз основа на таквото невистиното Барање, од страна на Секторот за управно-надзорни работи при МВР му била издадена нова дупликат национална возачка дозвола на негово име, со што постои основано сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело „давање лажен исказ“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица