Кривична пријава против шест лица за несовесно работење во службата
СВР Охрид поднел кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Л.А.(42) од Струга, В.А.(59) од струшкото село Радолишта, А.М.(55) од Струга, В.П.(49) од Охрид и Ј.Б.(49) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Како што соопшти денеска МВР, првопријавениот, во текот на 2023 година, во својство на в.д. директор на Јавното претпријатие „Колекторски систем“ - Скопје, подружница Охрид, по објавен оглас за вработување на неопределено време, потпишал одлуки за избор и вработување на двајца кандидати, иако знаел дека не ги исполнувале во целост законските услови наведени во огласот.
Останатите пријавени, како членови на комисиите за спроведување на постапка за вработување на двајцата кандидати, иако знаеле дека условите од конкурсот не се целосно исполнети, се потпишале и ги одобриле конечните ранг листи.
Ново на Сител
-
1603 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд
-
МОН: Безбедносните стандарди во училиштата да бидат во фокусот на општините
-
Демант од МВР на наводите за санација на оградата на мостот „Гоце Делчев“
-
Нијагарините водопади обоени во црвено-жолта боја во спомен на жртвите во катастрофалниот пожар во Кочани
-
АХВ и МВР спречија пуштање во промет на повеќе од 40 тони небезбедни сувомесни производи
-
Таравари: Очекуваме осум пациенти неделава да се вратат од странство, четири во критична состојба
-
Почнува судењето на Жерар Депардје за сексуален напад
-
Двајца починати при пукање во с.Волково