-->
-->
Кривична пријава против двајца скопјани за сторено кривично дело „изнуда“
-->
СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против М.Б.(29) и В.Ѓ.(28), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, казниво по член 258 од Кривичниот законик. Пријавените, на 14.01.2020 физички го нападнале З.С.(60) од Скопје, во неговиот дом, и му го одзеле неговото патничко возило „форд ескорт“. По преземени мерки лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а врз основа на судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Б.. Исто така, било пронајдено и возилото. Во присуство на јавен обвинител било извршено и препознавање на пријавените.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто